Судбина која ќе ви ја заледи крвта: Го закопа синот, човекот на нејзиниот живот и ѝ направи дете на друга (ФОТО)

Поради се‘, таа се препушти на алкохолот

Роми Шнајдер е една од најпознатите личности во филмската индустрија. Родена е во 1938 година во Виена, а првиот филм го снимила кога имала само 15 години. Таа беше една од најубавите актерки, но нејзиниот живот беше многу бурен и трагичен.

Во текот на нејзината кариера, Рома играше бројни улоги, но нејзиниот приватен живот привлече повеќе внимание во медиумите во тоа време. Нејзината бурна врска со три години постариот Ален Делон ја заинтригираше јавноста, иако актерката често страдаше поради таа врска. 

Роми и Ален

Имено, нивните чести расправии кулминираа кога Шнајдер дозна дека Делон има афера со пејачката и актерка Нико, која му роди син. Поради тоа, Роми често конзумираше алкохол, порок што ќе ја придружува до самиот крај.

По разделбата со Делон, Роми се омажи со германскиот филмски и театарски актер Хари Мајен. Мајен се разведе од сопругата со која беше 13 години во брак поради Роми. Парот го доби синот Дејвид Кристофер, кој, како што рекоа нејзините пријатели и познаници, стана центар на светот за актерката. 

Сепак, никој не можеше да претпостави каква трагедија ќе ја снајде Роми која ќе ја доведе до работ. Нивниот син Дејвид трагично загина кога имаше само 15 години, а по тој настан, Шнајдер не успеа да ги победи нејзините црни мисли. 

Имено, Дејвид ги заборавил клучевите, па решил да се искачи преку старомодната „шпицеста“ ограда. Тој се лизнал и железотото од оградата ја пробил феморалната артерија. Тој паднал преку оградата, па крварел обилно ползејќи до влезната врата кога го слушнал неговиот татко. Лекарите со часови се бореле за неговиот живот, но не успеале да го спасат.


Рома тешко се справуваше со загубата на синот, па во следните години таа тагата по синот ја „лечеше“ со алкохол. Актерката почина на само 43 години како резултат на срцев удар, а медиумите тогаш објавија дека таа починала буквално од скршено срце, што воопшто не е изненадувачки по трагедијата што ја доживеа ...


Фото: Profimedia

Првиот сопруг ја изневеруваше со најдобрата другарка, вториот ја донесе до банкрот а смртта на ќерката ја уништи: Бизарната приказна на една дива од златното доба на Холивуд