Сузана Гавазова ја ископира Бијонсе: Секси русокоса каубојка во проѕирни ѕвонарки

Добивај вести на Viber

Фолк-пејачката Сузана Гавазова овие денови снима спот за нејзината нова песна во Охрид. Во новото видео Гавазова се појавува во неколку атрактивни изгледи, помеѓу и овој облечена во проѕирни ѕвонарки со циркони, кожена куса јакна, каубојски шешир и русокоса перика.

Гавазова со овој изглед целосно ја ископира светската дива Бијонсе, која со сличен изглед ја најави нејзиниот нов кантри ера, однсоно таа ќе сними албум во целосно кантри жанр. За потребите на новиот албум Бијонсе целосно го промени изгледот во кој ги вметна каубојските шешири во разни бои како заштитен знак.

Гавазова на објавената инстаграм приказна, покрај што го ископира изгледот на Бијонсе, сними видео на кое позира на најновата песна на Бијонсе „Texas hold’em“.

Фото: Инстаграм