Сузана Гавазова најавува вистински хит и нешто досега невидено од неа

Добивај вести на Viber

Деновиве фолк пејачката Сузана Гавазова, пред настапите во Италија и Австрија, престојува во Белград каде падна договор за нова песна и спот кој наскоро ќе бидат снимени и промовирани.

Имено, Гавазова, веќе некое време е во Македонија од каде веднаш се „фрли“ на работните ангажмани, а овој состанок и договор во Белград е само еден од низата активности кои таа ги најавува за публиката.


На својот профил на „фејсбук“ напиша дека ќе соработува со најдобрите од Балканот и не ја криеше возбудата за тоа:

-  Наскоро нова песна и спот од најдобрите на Балканот, Дениал , Браја и Харис Дубица. Очекувајте нешто неочекувано, напиша Сузана.