Сузана Манчиќ тагува: Короната ми одзеде две блиски личности

Добивај вести на Viber

Водителката Сузана Манчиќ се дистанцираше од сите во последните неколку дена затоа што е многу загрижена за ситуацијата со Ковид-19 и открива дека изгубила многу блиски луѓе поради страшниот вирус.

- Сите сме различни, како да го допревме дното на животот. Еве, на пример, се чувствувам многу побезбедно на отворено отколку во затворен простор. Не се поздравувам, не се бакнувам, не се гушкам со никој. Луѓето се чудат, но нека биде вака некое време, затоа што не сакам луѓето да ме плашат. Короната остави голема трага на сите нас, особено врз нас кои можеби изгубивме некои многу драги луѓе, еве јас изгубив две такви личности- изјави водителката за „Телеграф.рс“.

Порано се шегуваше и велеше дека најмногу ѝ недостасува фризерката, а сега открива дека најмногу ѝ фали нејзиниот сопруг, Гркот Симеон Окококос.

- Во моментов имам катастрофа во љубовниот живот, брачниот живот. За среќа, постои тој видео повик, кадеможеме да се слушаме и да се видиме неколку пати на ден. Да си испратиме бакнежи- раскажа Сузана.


Извор, фото: MONDO/STEFAN STOJANOVIĆ