Свадбена бајка: Се ожени фаталниот убавец од „Игра на тронови“ (Галерија)

Добивај вести на Viber

Британскиот актер Кит Харингтон, кој стана познат по улогата во сега веќе култната серија „Игра на тронови", заплива во брачните води со актерката и негова колешка Роуз Лесли. Двојката се сретнала на снимањето на познатата серија на HBO, во која тие играа меѓусебно заљубени ликови. Нивните симпатии од малиот екран се случиле и во реалниот живот, и затоа од 2012-та година се целосно неразделни, и нивната љубов одлучија да ја запечатат со венчавка вчера.

Свадбата се одржа во градот на Роуз во близина на Абердин во Шкотска, на семејниот имот, во замокот Wardhill кој оваа љубовна приказна стана уште поголема бајка. 

На свадбената прослава присуствуваа голем број славни личности и нивните колеги од серијата како Емилија Кларк, Софи Тарнер, Мејси Вилијамс и Питер Динклег. 

На свадбата биле поканети 200 гости, и поканите биле украсени со поштенски марки со ликот на Џон Сноу, ликот кој младоженецот го толкува во серијата „Игра на тронови". Иако нивната свадба била традиционална во секој поглед, се чини дека тие не ја заборавиле истакнатата серија што ги спои.

Иако нивната љубов од серијата заврши трагично, се надеваме дека оваа прекрасна двојка ќе има повеќе среќа во реалниот живот.