СВЕТЛАНА: Значење на името и какви се оние кои го носат

Добивај вести на Viber

Потеклото на името Светлана има своја основа, односно „коренот“ во зборот „светло, светла “, што потекнува од старословенскиот јазик.

Според некои расположиви историски податоци, името Светлана за прв пат се споменувало во соседна Србија во таканаречениот „Sopoćanskom pomeniku“, кој датира од 15-ти или 16-ти век, а се верува дека во тој период од Србите „го презеле“ Русите и дека името станало особено популарно во Русија по поемата Светлана од 1813-та година, што ја напишал познатиот руски поет Василиј Андрејевиќ Жуковски.

Значењето на името Светлана, ако не се земе предвид „буквалниот превод“, може да се толкува како „жена што зрачи“; „личност која е света“; „што осветлува сè околу себе“; „таа што е чиста и сјајна, или безгрешна жена“.