„Светот е опседнат со надворешниот изглед, а тоа е последното што треба да се цени кај човек“: Џулија Робертс има силна порака

Знам дека имам брчки, но сакам да се гледаaт. Тоа сум вистинската јас. Сакам да ме прифатите таква каква што сум.

... Таа бара од сите жени да заземат активна позиција и да престанат да обрнуваат внимание само на надворешната убавина, на штета на себе и на својата природа. Еве ги нејзините зборови: Совршенството е болест на многу народи. Ги покриваме нашите лица со тони шминка. Редовно користиме ботокс и се изгладнуваме за „идеалната величина“.

Се обидуваме да го поправиме она што апсолутно не треба да се поправа. А со што првенствено треба да се занимаваме, останува без наше внимание. Дали знаете што е тоа? Тоа е нашата душа. Душа на која и треба внимателна грижа и внимание. Дојде време да се позанимаваме со неа.

Кажете искрено, како може да очекувате некој да ве сака ако не се сакате себеси? Ако ја прикриете својата надворешност, може ли да се каже дека сте задоволни од себе? Не. Сакам јасно да разберете: не е важно како изгледате однадвор, ако сте апсолутно празни внатре.

Денес сакам да им кажам на сите: повеќе нема да користам шминка. Не сакам да се шминкам, бидејќи ми здосади да носам туѓо лице. Време е да се фрлат маските. Знам дека имам брчки, но сакам да се видат. Тоа сум вистинската јас. Сакам да ме прифатите таква каква што сум.

Денес светот е опседнат со надворешниот изглед. Не можете ни да замислите колкав е прометот на компаниите кои ви ја всадиле идејата дека треба да вложите финансиски средства во одложување на неизбежните знаци на стареење, прибегнување кон нездрава и неприродна употреба на производи против стареење.

Принципите на убавината на 21 век јасно може да се дефинираат како ненормални. Тоа е убавината на стероидите, кои како вирус се шират низ целиот свет. Тоа е ужасно! Сфаќате ли дека вештачката естетика владее со светот, држејќи нè затворени во затворот на нејзините илузии за надворешноста?

Наместо да живееме и да ја следиме нашата природа, ние сме принудени да ги следиме оние канони за убавина што ни се наметнуваат. Но, знаете што? Уморна сум од тоа. И си велам: застани. Ве повикувам сите да застанете и да се сетите кои сте навистина, што навистина сакате. Запамтете која сте.

Никој никогаш не може да ги задоволи критериумите за убавина 100%. Надворешниот изглед е последното нешто што треба да се цени кај една личност. Сè што е важно е душата. Запомнете го тоа засекогаш.


ФОТО: Принтскрин Јутјуб