„Светот на Биби од А до Ш“ – најдобро илустрирана книга или сликовница помеѓу два саема
Сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ ја доби наградата за најдобро илустрирана книга или сликовница меѓу двата саеми, која ја додели Здружението на издавачите и книжарите на Република Македонија. Автор на илустрациите на сликовницата е Михајло Димитриевски-Тхе Мичо, а автор на текстот е Билјана Црвенковска.
„Светот на Биби од А до Ш“ е првото печатено издание од проектот „Светот на Биби“ што „Бибиленд“ го издаде во ноември минатата година.
На 32 страници во боја, во тврд повез, сликовницата го прикажува светот на Биби низ работите што сезнајката ги сака и ги прави дома, на улица, на училиште.
Втората награда во оваа категорија ја доби книгата „Илустрирани приказни од Шекспир“ што ја уредила Ана Иванова, а илустрациите се на Ана Григорјев, во издание на „Просветно дело“ од Скопје. Третата награда ја освои „Среќен роденден“ од Ели Маказлиева. Илустратор е Игор Јовчевски, а изданието е на „Едука мак“ од Скопје.
За наградите одлучуваше комисијата во состав: Александар Прокопиев, претседател, Иван Џепароски и Лидија Капушевска-Дракулевска, членови.