Светот на Дедо Мраз пристигна во Дајмонд Мол!
Оваа година, новогодишната магија за најмладите и нивните семејства со посебен сјај пристигна во Дајмонд мол. Од 11 декември, па сѐ до 11 јануари во новата 2025-та, децата ќе можат да уживаат во радостите што ги носи Светот на Дедо Мраз и во изненадувањата и доживувањата кои тој ги нуди.
Најмладите ќе можат да се возат во новогодишното вовче кое секој ден, сѐ до Новата Година, ќе кружи низ трговскиот центар и ќе изнудува насмевки од сите. Дедо Мраз ќе биде присутен во Дајмонд мол за да ги чуе детските желби и да се фотографира со нив во прекрасен новогодишен амбиент, обезбедувајќи незаборавен спомен за секое дете.
Дополнително, во текот на викендите, ќе се организираат интерактивни работилници за изработка на лампиони, ѕвончиња, торбички и други новогодишни украси, разбудувајќи ја креативноста кај најмладите, како и работилница на која децата ќе можат да му ги напишат своите новогодишни желби на Дедо Мраз. Еден час во секој од деновите од викендите, децата ќе можат да учествуваат во специјален настан и преку апликација да покажат дали биле послушни во текот на годината, а специјално магично огледало преку интерактивно искуство со специјални проекции ќе ги пренесува најмладите и нивните родители во спектакуларни новогодишни сцени од Светот на дедо Мраз.
Покрај големиот број активности и изненадувања, за целиот период во Дајмонд мол ќе има разигран новогодишен базар со новогодишни пакетчиња, чоколади и слатки, вкусни топли напитоци, новогодишни украси и персонализирани предмети.
Празниците се момент за создавање незаборавни семејни и детски спомени, а Светот на дедо Мраз во Дајмонд Мол годинава е совршено место за уживање во исполнетост и празнична топлина за најмалите.
*Пр објава