Светот во неверување и шок: Откако случајно Алек Болдвин уби колешка, на снимање се случи уште една несреќа

Истиот филм е во прашање...

По страшната трагедија која го шокираше филмскиот свет на 22 октомври, кога актерот Алек Болдвин, не знаејќи дека има наполнет пиштол, ја уби директорката на фотографија Халина Хачинс, се случи уште една несреќа.

Имено, работникот од сетот на филмот „Rust“ („Рѓа“), Џејсон Милер, бил каснат од отровен пајак. Според странските медиуми, тој би можел да ја загуби раката поради отров.

Немилиот настан се случил додека работникот им помагал на другите да ја затворат сцената по страшната трагедија која го шокираше филмскиот свет на 22 октомври. Го каснал кафеав единечен пајак, инаку многу отровен вид, пренесува New York Post.