Светот во неверување поради прераната смрт: Почина познатиот дизајнер Албер Елбаз
Прославениот израелски моден дизајнер Алберт Елбаз, кој работеше во познатите модни куќи Гај Лорош, Ив Сен Лоран и Ланван, починал денес во Париз на 60-годишна возраст.
Во изјавата на Јохан Руперт, претседател на бордот на директори на корпорацијата за луксузни производи Ричмонт, се наведува дека Елбаз бил креативен директор на познатата модна куќа Ланван од 2001 до 2015 година и изразил неверување и длабока тага поради неговата прерана смрт, пренесува АП .
- Отсекогаш сум се воодушевувал од неговата интелигенција, чувствителност, дарежливост и нескротлива креативност. Тој беше топол човек со голем талент, уникатна визија, чувство на убавина и емпатија - напиша Руперт.
Елбаз е роден во 1961 година во Мароко и израснал во Израел, од каде отпатувал во Њујорк во 80-тите години на минатиот век.
Тој се прослави кога во 1996 година го презеде кормилото на познатата париска модна куќа Гај Ларош.
Две години подоцна, тој стана креативен директор во Ив Сен Лоран, а од 2001 година го презеде управувањето со модната куќа Ланван.
Париско модно списание објави дека Елбаз починал во една париска болница без да го наведе изворот на оваа информација.
Фото: PrntScrn