Светска бизнис елита доаѓа во Скопје

Добивај вести на Viber

На 13ти септември во хотелот Хилтон во Скопје ќе се одржи првиот Балкански претприемачки самит во организација на центарот за неформално обрзазование кој оваа година се најде на листата на Форбес Creative Hub и Стопанска комора на Македонија.

На настанот ќе присуствуваат над 250 луѓе, а во улога на говорници ќе ги слушнеме: Васил Наци, основач и претедател на Агна Груп со нет ворт над 500 милиони долари, Еван Лутра од Индија, сериски претприемач, почесен докторант и говорник на Економскиот Форум во Давос, Акаш Мехта, глобалниот директор на дигитален маркетинг на Диор, Евгениј Ангелов, претседател на Бугарската асоцијација за вентуре капитал, партнер во Постскриптум вентурес и многу други.


Балканскиот прептриемачки самит е предвидено да биде целодневен настан со панел дискусии, презентации, разговори со голем број домашни и странски говорници.

Утринската сесија ќе се фокусира на пренесување на искуства од Балканските претприемачи и овогодинешните Форбес 30 под 30 од Грција, Турција, Бугарија и Македонија со вклучување на Владата и Стопанската комора за создавање на еден бизнис екосистем.

Следната сесија е предвидена да пренесе искуства на финансирање на бизнис секторот како и да вклучи нови можности преку вентуре инвестициски фирми, Европскиот инвестициски фонд и слично.

“Што нé очекува во иднината во најголемите индустрии” е панел кој ќе се осврне на иновациите што не очекуваат во најголемите индустрии во земјата како телекомуникации, технологија, зелена енергија, фармацевска индустрија.

Најголемиот предизвик со кој се соочуваат компаниите на Балканот е неспорно предизвикот од недостаток на работна сила. Последниот панел ќе понуди решенија токму на ова прашање.

За настанот може да се регистрирате на balkansummit.org или да добиете повеќе информации на 071 214 849.