СЗО: Во следните денови – милион заболени

Во следните денови светот ќе достигне милион заболени и 50 илјади починати од коронавирусот, објави Светската здравствена организација (СЗО).

-Во изминатите 5 недели, посведочивме на речиси експоненцијален пораст на бројот на нови случаи, а вирусот ја зафати речиси секоја земја и територија. Во четирите месеци од стартот на пандемијата, брзата ескалација и глобалното ширење на инфекцијата длабоко ги загрижи сите – се вели во соопштението на СЗО.

Пред три месеци не знаевме ништо за овој вирус, но интензивните истражувања низ светот доведоа до низа откритија, порачуваат од СЗО, од каде охрабруваат со податокот дека во заедничкото солидарно истражување за лекови и комбинации на лекови против ковид-19 во моментов се вклучени 74 земји.