Таа беше неговата вечна муза: Еве како Николина Пишек ги носеше креациите на Саша Видиќ

Познатиот српски стилист и креатор Саша Видиќ почина вчера на 53-годишна возраст во КБЦ „Бежанијска коса“ во Белград.

Веста за смртта на познатиот стилист, креатор и моден критичар Саша Видиќ потресе многумина.

Во текот на својата долгогодишна кариера соработуваше со бројни познати личности од јавната сцена - пејачи, актери, водители, спортисти, политичари... Тој беше основач на брендот „Броз“ и со своите креации ги помести границите во модниот свет.

Една од неговите најголеми музи и вечна инспирација беше водителката Николина Пишек.


Николина беше дел и од неговата колекција за есен зима 2019/20.

Заедно направија и моден едиторијал.


Двајцата беа семејни пријатели, а Саша секогаш велеше дека имаат големи планови за иднината.


Саша Видиќ засекогаш ќе остане запаметен како едно од најголемите имиња во српската модна индустрија.


Саша Видиќ е роден во Хрватска во 1971 година, но од 1991 година живее и работи во Белград. Иако на српската јавна сцена е повеќе од две децении, за неговиот приватен живот се знае многу малку. За себе можеше да каже дека е многу верен пријател, и дека очекува сите околу него да бидат такви, пишува biografija.org.,


Се запишал на моден дизајн на Факултетот за арт и дизајн во Белград. Но, поради тоа што немал постојан приход, морал да го напушти факултетот и да се вработи.

По доаѓањето во Белград, Саша се спријателил со актерите Бранка Катиќ и Сергеј Трифуновиќ. По премиерата на филмот „Ние не сме ангели“ во 1992 година, Бранка, знаејќи за неговиот талент за мода, побарала од Видиќ да ѝ создаде фустан за доделувањето. Тој се согласи и така ја започна својата кариера како моден дизајнер и стилист.

Потоа продолжи да твори, а првата колекција од сопствениот бренд „Броз“ ја претстави во септември 1997 година на метро станицата „Вук“. Извесен период работеше како костимограф во Радио телевизија на Србија „РТС“, а потоа помина 14 години во модната куќа „Зекстра“. Сопственик е на „Ателјеа СВ“ во Белград, а претходно во истиот град го имал и кафулето „Дајмонд рум“.

Набрзо многу јавни личности ја забележале неговата работа, а во едно интервју рекол дека соработувал и со политичари.



ФОТО: Инстаграм