ТАА беше подготвена да се бори, но ТИ си замина

Добивај вести на Viber

Таа беше подготвена да се бори за тебе и за она што го градевте толку долго. Таа беше подготвена да се жртвува за тебе. Дури и ќе ја напуштеше својата среќа за да направи повеќе простор за твојата. Но, ти си замина ...

Се сеќаваш ли кога ти кажа дека ќе стори сé за тебе? Навистина го имаше предвид тоа. Таа никогаш не излажа за да изгледа добро во твоите очи. Она што таа ти го кажуваше доаѓаше од нејзиното срце. ТИ и вети дека ќе бидеш со неа,и покрај се. Но, при првиот проблем избега. Го избра полесниот начин, бидејќи одлучи дека вашата врска ќе бара премногу работа. Одлучи дека е подобро да се започне со нова личност, наместо да се обидува да "ја обновиш" старата љубов ...

Таа не беше подготвена да ја предаде својата врска, за разлика од тебе. Таа секогаш беше реалист, и таа не очекуваше сè да биде "мед и млеко". Но, ти веруваше тебе. Веруваше дека можете заедно! Но, ти едноставно не беше подготвен да се бориш за неа .

Денес таа е позрела од вчера. Знае дека вистинските врски бараат компромиси и двајца кои се подготвени да стојат еден до друг кога се борат. Денес знае дека ѝ треба вистински борец во нејзиниот живот, а не плашливо момче.