Таа доби син, а тој чека девојче: Поранешното момче на Антонија Гиговска, ќе стане татко (ФОТО)

Поранешното долгогодишно момче на пејачката Антонија Гиговска, фронтменот на Либеро бенд, Иван Јованов, на големо изненадување на своите обожавателки објави дека чека дете со својата избраничка Ивана.

Со оглед на тоа дека врската успешно ја криеше од медиумите, за сега е мистерија колку долго се заедно и дали наскоро планираат да стапат во брак. Секако откако ќе помине еуфоријата околу веста за приновата, Иван ќе открие нешто повеќе за приватниот живот.

А како изгледаше откривањето на полот на бебето, погледнете во продолжение:

Фото:IvanJovanov/Instagram