Таа е пејачка со најдолг стаж во Магазин: Зад неа е победа над тешката болест, но и крај на долгогодишната љубов

Атрактивната Андреа Шушњара е пејачката со најдолг стаж на легендарната група „Магазин“. Зад неа се победата над тешката болест, но и крајот на долгогодишната љубов. Дали нејзиното срце сè уште е слободно, ѝ откри на Ани Вели за магазинот „ИН“.

Пред неа пејачки на „Магазин“ беа Љиљана Николовска, Данијела Мартиновиќ и Јелена Розга. Но, оваа млада сплиќанка, која дипломирала на два факултети, Филозофсски и Музичка академија, одлично се снајде во напорната улога.

„Во групата на „Магазин“ сум 12 години и морам да признаам дека никогаш не размислував за соло кариера и не ни разговаравме за тоа, иако медиумите многу шпекулираа. Штом дојдов веднаш почнаа да ме испрашуваат, сега ти дојде по таа пејачка, како е да доаѓаш по неа, кога ќе си одиш. Така што сè уште не сум размислувала за тоа, но би сакала еден ден да имам соло кариера. Мислам дека сега луѓето веќе знаат која сум и како ја работам мојата работа, па мислам дека нема да биде тешко. А да имам некои големи амбиции, немам, сакам само да пеам и да го работам тоа што го сакам“, заклучи Андреа која најдобро се одмара покрај море, плажа, добра храна и риба.


Минатото лето беше кобно за долгогодишната љубовна врска на Андреа, па дали има ли нешто ново на хоризонтот?

„Па, морам да признаам дека не сум тип на човек кој сака да изнесува работи од мојот приватен живот, иако постојано се зборува за тоа раскинување, но тоа се случи многу порано, така што јас сум сама подолго време и морам да признаам дека ми е убаво. Ако се случи нешто конкретно, мислам дека ќе знаете бидејќи нема да можам да го сокријам тоа“, вели Андреа.

Какви квалитети мора да има нејзиниот избраник?

„Па, јас сум ваква, да речеме, сосема нормална, па сакам едноставни луѓе, ми се допаѓаат луѓе кои се добри, кои сакаат добро да се насмеат, мора да биде добра и квалитетна личност. И не смее да биде познат ниту од мојата индустрија, па музичари не доаѓа предвид. Не сум тип што се дружи со познати личности и колеги, тоа не ме привлекува. Ми се допаѓа нешто поедноставно, поприватно“, заклучи Андреа.

Андреа рано се уверила дека животот пишува романи кога, на дваесетгодишна возраст, за време на рутински преглед ѝ бил дијагностициран рак на јајниците.

View this post on Instagram

A post shared by  (@andreasusnjara_official)


Како се чувствува таа денес?

„Да, имав навистина тежок живот, сто пати реков дека ќе напишам книга за тој живот бидејќи не беше лесно и ако почнам да зборувам сега, луѓето веројатно нема да ми веруваат, па морам да признаам дека зад таа тешка болест, сè што поминав, мојот живот започна да оди во друг правец, поубав правец. Среќна сум, го работам тоа што го сакам, не можам да се пожалам. Јас сум нормално весела, многу оптимист и мислам дека тоа дури ме извлече од некои тешки ситуации во мојот живот. Можеби тоа е дури и одбранбен механизам, па смеењето навистина лечи, а исто така и музиката и пеењето“, изјави Андреа.

View this post on Instagram

A post shared by  (@andreasusnjara_official)


Има многу што да се научи од оваа млада и инспиративна жена. 

Извор: dnevnik.hr