Таа е неговата љубов: Еве како изгледа едно утринско будење со Игор Џамбазов – „Блазе си ѝ на …“

Јавноста многу добро ја познава Ферхунде Џамбазова откако актерот Игор Џамбазов ја вдоми и ја тргна далеу од дојранските улици. Таа е главниот лик на речиси сите постови кои Џамбазов ги објавува на својот Инстаграм профил.

Од прошетки во природа, на гости кај пријателите, по некое патување, ново креветче … речиси сите заеднички моменти на Игор и Ферхунде илјадниците следбеници можат да ги погледнат на неговите социјални мрежи.

Она што последно го привлече вниманието е последната објава на актерот, поточно утринското будење со Ферхунде.

View this post on Instagram

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)


„Добро утро“, им посака Игор на своите следбеници бакнувајќи ја.

За помалку од еден час фотографијата доби стотици лајкови, а „Блазе си и на Ферхунде“, „Две срцки“, „Прексрасни сте“, „Кој е посреќен ти или Ферхунде“ … беа само дел од коментарите.

Фото:Инстаграм