Актуелно // Insta вести
Таа е жената што од мене направи човек: Цеце Николова со роденденска честитка за мајката со која израсна
Водителката и новинарката Цеце Николова со емотивни зборови по повод роденденот на мајката која ја порасна во СОС детско село
Имено жената по име Наташа, Цеце ја смета за своја мајка и секогаш има само убави зборови за неа.
„Денеска ѝ е роденден на жената што од мене направи човек! Мајка Наташа
бескрајно благодарна за секоја секунда помината со тебе! “ - напиша Цеце на нивната заедничка фотографија.
Претходно во интервју за Женски магазин, водителката откри: - Сакам да им купувам подароци на дечињата од Детско село кои растат во куќата кадешто јас пораснав. Куќа „Буба Мара“, со истата, непроменета згрижувачка повеќе од 20 години, мојата мајка Наташа. Во моментов таа се грижи за 5 дечиња, кои ги сакам најмногу на свет!