Тајната за витката линија на принцезата Дајана: Лесен и ефективен тренинг за да го доведете вашето тело до совршенство

Добивај вести на Viber

Принцезата отсекогаш била во одлична физичка форма и имала беспрекорна линија

Иако важеше за модна икона и жена со стил, а нејзините изданија се неисцрпна инспирација за жените ширум светот, има уште една работа на која треба да се огледаме на принцезата Дајана.

Таа отсекогаш била во одлична физичка форма и со беспрекорна линија. Иако генетиката делумно придонесе за нејзиниот фанатичен изглед, тренинзите одиграа голема улога во нејзиниот изглед.

Џени Ривит, на која принцезата ѝ ја довери оваа задача, одлучи да ги сподели со читателите на списанието „Дејли мејл“ програмата за вежбање која ја користела принцезата.


Степ аеробик популарен во последните 2 децении од минатиот век, како и кардио вежбите, биле незаменлив дел од тренингот. Покрај тоа, принцезата Дајана трчала и пешачела долго. Како мајка на две момчиња, таа имаше полни раце работа, но не дозволи тоа да ја вознемири, и редовно вежбаше.

Интересно е што Џени Ривит и всади љубов кон возење ролери, а принцезата често ги возеше.

Секој што се обидел барем еднаш, знае колку се добри ролерите за затегнување на мускулите, особено нозете, а за да се одржи рамнотежата, се користат рацете, со еден збор, целото тело е активно ри возење на ролери. Патем, оваа активност е многу забавна.


Исхрана

Во споменатото интервју, Џени Ривит се осврна и на пореметувањето во исхраната, кое беше опфатено и во серијата „The Crown“. Принцезата и се доверила и признала дека боледува од булимија, па тренинзите за неа биле вентил во тешките животни моменти.

Таа не криеше дека ниту во најлудите соништа не замислувала дека ќе живее во таков исцрпувачки брак. Кога го читаме ова, очигледно е дека принцезата беше ранлива и чувствителна, далеку од каприциозната средина во дворецот. Се бореше најдобро што можеше, користејќи смиреност и иронија, иако проблемите се редеа еден по друг. Посветеноста на вежбање и помогна не само да остане убава и фит, туку и да се чувствува подобро внатре.


Фото насловна: Инстаграм/ heavenlyladydi