Последните желби не ѝ се остварија: Кој и зошто го смени тестаментот на принцезата Дајана по нејзината смрт?

Добивај вести на Viber

Со бракот со принцот Чарлс, на 20-годишната Дајана Спенсер и се отвара вратата на животот од бајка, но, тој беше се' друго освен бајка, заврши со трагичната смрт на 36-годишната принцеза Дајана во сообраќајна несреќа, а дури и по нејзината смрт, нејзините желби не беа исполнети.

По раѓањето на нивните синови, принцот Вилијам и принцот Хари, Лејди Ди и Чарлс стануваа се повеќе оддалечени, а несреќниот брак заврши во август 1996 година. Можноста за нов почеток и љубовна бајка надвор од кралското семејство не траеше долго бидејќи принцезата Дајана го загуби животот во сообраќајна несреќа само една година по разводот.

Освен нејзините двајца сина, единствено што остана беа нејзините последни желби напишани во нејзиниот тестамент. За жал, тие не беа извршени според нејзината волја, а виновниците за тоа не треба да се бараат во кралското семејство, туку во семејството на Дајана.

Дајана ги состави и ги потпиша своите последни желби четири години пред нејзината смрт, но ги измени неколку месеци по разводот.

Според нејзиниот тестамент, 75 проценти од накитот и имотот на Дајана требаше да се поделат помеѓу принцовите Вилијам и Хари, а преостанатите 25 проценти беа наменети за нејзините 17 кумaшинчиња. За нејзиниот батлер, со кој беше многу блиска, имаше наменето 50 илјади фунти.

Принцовите Вилијам и Хари кога ќе наполнеа 25-годишна возраст, требаше да се грижат за остатокот од имотот на Дајана, тогаш вреден 21 милион фунти, што би било еквивалентно на денешните 31,5 милиони фунти.

Дајана ја довери задачата да го дистрибуира наследството во согласност со желбите на нејзината мајка и сестра, именувајќи ги во тестаментот како извршители на нејзината последна волја, но тие не ја оправдаа нејзината доверба.

По смртта на Дајана, на последниот ден од август 1997 година, нејзината мајка и сестра веќе во декември претставија „наредба за донесување одлуки“ на суд, што им овозможи да го дистрибуираат имотот на Дајана на поинаков начин од оној што таа го изјави во тестаментот.

Според нивните измени, принцовите можат да се грижат за имотот на Дајана од 30-годишна возраст, иако тие започнале да ги примаат своите приходи на 25-годишна возраст.

Наместо поделбата на 25 проценти од накитот и имотот на принцезата Дајана, меѓу нејзините кумашинчиња, со измените било запишано секој од нив да добие само спомен од кумата, по избор на извршител на волјата, и дури кога помладиот принц Хари ќе наполни 30 години.

Две години по братот Вилијам, и принцот Хари го презеде својот дел од наследството од неговата покојна мајка, во 2014 година. За време на 17-те години што поминаа од добиената „наредба за донесување одлуки“, 150 предмети во сопственост на принцезата Дајана го пропатуваа светот како дел од изложбата на нејзиниот брат Ерл Спенсер.

Повеќе од два милиони долари беа собрани преку разни приеми и други содржини на изложбата. Според семејството на Дајана, тие средства завршиле во добротворен фонд основан во спомен на неа.

Бидејќи за време на краткиот живот, Лејди Ди се одликуваше со својата добротворна работа, утеха е барем што повредата на нејзините последни желби не беше залудна, односно отиде во добротворни цели.

извор:glossy.espreso.rs

Поврзани вести:

Фустан за одмазда: Зошто овој фустан на принцезата Дајана остана запаметен како одмазднички
Љубов осудена на пропаст: Откриено што ѝ рекол Чарлс на Дајана ноќта пред свадбата
(ФОТО) Поим за елеганција во движење: Единствената- принцезата Дајана