Тамара го покажа момчето, но и нејзиниот екс-сопруг девојката: Мачка ужива со преубавата Едина Муса во Белград

Поранешниот сопруг на Тамара Тодевска не ја крие врската со кошаркарката Едина Муса

Поранешниот кошаркар Александар Димитровски-Мачка деновиве преку низа фотографии откри дека е во врска со 32-годишната кошаркарка Едина Муса.

Имено тие објавија заедничка фотографија од рониот град на Мачка, Гевгелија, а потоа и од кошаркарски натпревар во Србија.

Очигледно кошарката им е заедничка љубов, па го проследија дербито на Црвена Ѕвезда и Партизан во Белград, а потоа објавија фотка и од романтична вечера во кабаре.