Животна училница // Приказни
Тамара кога пее и Меси кога шутира пенал нема утка: Мартин Вучиќ на оригинален начин ја поддржа колешката
- 16 Мај, 2019
Мартин Вучиќ на оригинален начин ѝ го честиташе влезот во финалето на „Евросонг“ на својата пријателка и колешка Тамара Тодевска. Мартин, кој беше претставник на Македонија на „Евровизија“ во 2005 година во Киев со песната „Make My Day“, на Тамара ѝ посака светска слава.
„Страшно. Опако добро. Маестрално.1000 пати Б Р А В О. Е навистина треба да сме PROUD!!! Тамара, немој да се правиш дека не не познаваш ако после оваа Евровизија доживееш светска слава. Меси кога шутира пенал и Тамара кога пее нема утка. Добра песна, перфектен вокал без многу многу циркузи на сцена. Ете колку лесно може да биде. Браво сестро“, напиша директорот на „Танец“ за Тамара.