Тамара се расплака од тага по миленикот Хачи: Го нема 24 часа, ќе пукнам

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска е многу тажна откако нивниот миленик Хачи, куче од расата Кокер шпаниел веќе 24 часа го нема во нивниот семеен дом.

На социјалните мрежи се споделува апел за сите хумани луѓе, љубители на животните да помогнат да се пронајде Хачи, кој многу им значи на Тамара, на нејзините деца и на сопругот. 

Поп-ѕвездата низ солзи ни раскажа дека е многу лута на оние кои ја осудуваат дека миленикот е загубен повторно за кратко време. Минатиот пат, кога Тамара мислела дека Хачи не е во нивниот дом, тој спиел во спалната соба. Расплакана и многу тажна, Тамара вели:

-Украден е во реонот на Водно-Црниче. Многу сум лута на поедини луѓе кои осудуваат и велат дека секоја недела кучето се губи. Кучето еднаш се има загубено, и се најде по половина час. Минатиот пат кога мислев дека е загубен спиеше во спална. На него нема каишка, има само ѓердан против болви, и го нема 24 часа. Ќе пукнам“, ни рече Тамара. 

Последниве месеци, таа и нејзиното семејство уживаат во секој момент поминат со миленикот. Тамара, која редовно спортува, вежба во теретана, трча на кејот на Вардар, почна и да се качува на Водно. Во нејзините планинарски авантури, секогаш друштво ѝ прави Хачи, кој е чуван со многу љубов.

М.Џ.