Тамара со нови волуменозни усни? Дали не одолеа на трендот? (ФОТО)

Ако некоја позната личност се трансформирала најмногу во последните неколку години во физичкиот изглед ќе ја издвоиме пејачката Тамара Тодевска. 

Линијата на телото која ја достигна во последно време е навистина на завидно ниво, и е доказ дека пејачката посветува доста внимание на својот изглед.

Кога сме кај изгледот, она што е најново кај Тамара е новите волуменозни усни.

Инстаграм приказните покажуваат дека сестрата на Тијана Дапчевиќ одлучила да ги зголеми усните и не му одолеа на светскиот тренд.

Tаа ги истакна и сама се пофали, што очигледно е дека е задоволна со постигнатиот резултат.



Фото: Инстаграм