Тамара Тодевска го покажа Дарен

Тамара Тодевска конечно го покажа лицето на синот. Дарен е второ дете на поп-ѕвездата со поранешниот кошаркар Александар Димитровски кои ја имаат и ќерката Хана.

Дарен се роди на 12 декември. „Хана доби братче, а Мачка и јас уште една неописива љубов. Пресреќни сме и многу благодарни на целиот тим на „Аџибадем Систина“ и на нашата докторка Гордана Петровска. Ви испраќаме безброј бакнежи“, ни изјави Тамара веднаш по породувањето.