Тамара Тодевска открива кој е нејзиниот „Порок“: Пејачката изгледа светски во видеозаписот за новата песна

Тамара ја промовираше новата песна и видео записот за „ПОРОК”.

Ова е едно мало освежување во веќе изградениот музички стил на Тамара, која секогаш ги следела музичките и модни трендови.

Нашата популарна пејачка Тамара Тодевска направи нова интересна соработка со Урбан Рекордс. До соработка дојде по одлуката на Тамара спотот да го изработи и реализира режисерскиот тим на Урбан Рекордс.

Песната е во нејзин поп стил, но овој пат со примеси на трап. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжман Лазар Цветковски и Тамара, микс и мастеринг Лазар Цветковски.

Спотот го изработија Били Д и Гордан Божиновски. Како модел се појавува девојката Имам Тотиќ. 
Се снимаше во студио во Скопје. За стајлингот на Тамара се погрижи Игор Марков.

Во продолжение новиот видео запис за “Порок “, за кој цениме дека изгледа светски, па погледнете и вие: