Тестаментот на Борислав Бора Ѓорѓевиќ: Ова е последната желба на кралот на ЈУ рокот!?

Добивај вести на Viber

Легендата на рок музиката, Борисав Бора Ѓорѓевиќ, почина на 72-годишна возраст, во болница, каде ги помина последните денови.

Со него до последен момент беше неговата сопруга Дубравка, неговата најголема љубов.

Бора Чорба беше испратен на вечното почивалиште во саботата на 7 септември кога од него се простија најблиските членови на семејството, колегите, пријателите и бројните фанови.

Според порталот „Република“, рокерот наводно го напишал тестаментот кога забележал дека здравјето сериозно му се влошило, а за тоа наводно разговарал со сопругата пред да оди во болница.

- Бора го напиша тестаментот кога при редовните контроли дозна дека здравјето му е сериозно нарушено. Веќе однапред знаел кому што остава, а секако најмногу се споменуваат неговата сегашна сопруга и децата. Бора ќе им остави се‘ што има, иако тие долго време живеат свој живот и многу оддамна се обезбедија. На сопругата ѝ рекол: „Од мене имаат се‘, а ти знаеш што понатаму доколку се појават некои неочекувани ситуации“, рекол така, но ништо повеќе од тоа – наводно рекол за Република извор.

Инкау, легендарниот рокер го доби првиот мурал, кој се појави во Јагодина. Неговата слика го краси ѕидот на една станбена зграда, а зад неа стои младиот уметник Сава Маравиќ, кој ја обожавал неговата музика.


Фото: Женски магазин - В. Тануровски