Татјана Стојановска со сопругот одбраа филмска локација за летување: Парот ужива во прошетките во бисерот на Јадранот

Добивај вести на Viber

Презентерката на вести и една од поубавите дами кај нас Татјана Стојановска ова лето со сопругот Михаил уживаат во бисерот на Јадранот.

Како дестинација за одмор и прошетка го одбрале Дубровник, градот на историјата кој е ставен на листата на светско наследство на УНЕСКО.

За прошетката низ Дубровник, Татјана одбрала фустан со миди должина во со црно бели цветови и бели балетанки. Препознатливата по нејзината кадрава коса, Татјана ја пуштила во нејзината природна форма.

Инаку, Дубровник е место кое секоја година е посетено од илјадници туристи кои преку прошетки, како и локална храна посебно го доживуваат, едноставно како да патуваат низ минатото преку уникатната архитектура која ја поседува овој град.

Посебно интересни за туристите се знаменитостите во Дубровник, главната фрекфрентна улица на стариот град, Страдун, Кнежевиот двор, црквата Св. Влах, Катедралата, како и Градското собрание.

Изминатите неколку години Дубровник го зазема приматот на град кој има одлични предиспозиции за филмски сцени. Некој од познатите локации на овој град се вистинска туристичка атракција откако беа прикажани во некој од познатите филмски блокбастери и серии.

Фото: Инстаграм
РЖМ