Татко ѝ ја држи во раце пред да се распадне семејството: Невидени фотографии од приватниот албум на Марија Шерифовиќ со нејзините родители (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Новиот албум на Марија Шерифовиќ кој излезе денеска создаде вистински земјотрес на музичката сцена. Во првите неколку часа се издвоија неколку песни кои несомнено ќе бидат големи хитови, но најверните фанови особеноja издвоија песната „Другачија“ (Поинаква) со која Марија го отвори новиот албум.

Самото видео започнува со фотографии од детството на пејачката на кои е со нејзината мајка Верица и таткото Рајко. Уште во најраното детство, Марија беше јасно предодредена дека ќе направи голема музичка кариера, бидејќи семејните албуми се полни со слики на кои таа свири разни музички инструменти хармоника, тапани, гитара...

Сепак, текстот на оваа песна кажува многу повеќе. „Знам дека ќе останам јас, по цена да бидам ничија и да сум сама на светот, и се да биде на моја штета...“ – многумина тоа го протолкуваа дека Марија всушност пее за себе и дека песната е автобиогравска со оглед на тоа дека никогаш не се плашела да остане своја, без оглед колку тешкотии може да и донесе тој став.

Инаку, Шерифовиќ во едно интервју зборуваше за разводот на нејзините родители.

- Татко ми беше мега крал, но лош за семејството, но Боже мој, секој си го носи својот крст. Имаше луѓе кои коментираа за мојата потреба да зборувам задетството. Се разбира, има многу полоши работи, но причината зошто јавно зборував за тој дел од мојот живот е што луѓето кои се млади и допрва влегуваат во светот на возрасните да можат да видат дека е возможно да излезат од тоа како победници, а не како фрустрирани луѓе и „деца на разведени родители. “ Моите родители не можеа да смислат ништо попаметно од тоа да се разведат – објаснила тогаш Марија.

Фото: youtube screenshot