Таткото ѝ забранил да се гледа во огледало, а актерот кој најмногу го сакала се забавувал додека се пораѓала: Преживеала многу бродоломи и со операции ја уништила својата убавина

Познатата актерка Изабел Аџани се појави на ревијата на модната куќа „Диор“ на модната недела во Париз која е во тек. Интригантна ѕвезда со бурна животна приказна.

Познатата Изабел Аџани (67) едноставно не и дозволуваше на природата да си го направи своето, се справи со годините, но на сосема погрешен начин - па наместо да ја негува кожата со поумерени методи, немаше мерки со пластични операции.

View this post on Instagram

A post shared by Isabelle Adjani (@isabelleadjaniofficiel)


Резултатот од тоа го покажуваат фотографиите од Париз, но и фотките од претходните години, на кои е тешко да се препознае актерката чиј личен опис го сменија пластичните хирурзи, а чие име, за жал, се појавува во вакви приказни со години.

Изабел Аџани не го издржа огромниот притисок на кој се изложени жените од светската јавна сцена, а кој ги тера да одржуваат младешки изглед по секоја цена - за да ја зачуваат својата позиција во шоу-бизнисот. Има и такви кои им пркосат на тие наметнати и сурови стандарди на „убавина“, како што е Шерон Стоун, со која глумеше во филмот „Diabolique“ од 1996 година.

Зад одлуката на Изабел Аџани да прави бројни пластични операции, секако стојат други причини, а да не зборуваме за проблеми за кои решението никако не е одење кај пластичен хирург.

Во текстовите за Изабел Аџани, која „ЛА Тајмс“ во 1996 година ја прогласи за најубава актерка во историјата, во прв план се приказните за разорната трансформација на нејзиниот изглед, но нејзините блескави актерски успеси во никој случај не се заборавени.


Изабел пет пати ја доби наградата Цезар за најдобра актерка, двократно беше добитничка на наградата во Кан пред 41 година, а двапати беше номинирана за Оскар, во категоријата најдобра актерка. Таа беше наградена со Легија на честа во 2010 година за нејзиниот придонес во француската уметност.

Изабел Аџани пораснала со мајка Германка и татко Алжирец. Поради љубовта кон нејзиниот татко, нејзината мајка го оставила тогашниот сопруг и двете мали деца и не се покајала, поради што нејзината славна ќерка ѝ замерила.

View this post on Instagram

A post shared by Isabelle Adjani (@isabelleadjaniofficiel)


Познато е дека славната Изабел пораснала во сиромашните квартови на Париз. Филмски агент ја забележал кога имала 14 години, тогаш ја добила првата улога, а на 19 години станала најмладата актерка номинирана за Оскар, за улогата во филмот „Животната приказна на Адел Х“.

Интригантен детаљ од нејзиниот живот е тоа што татко ѝѝ забранил да се гледа во огледало за да не стане суетна. Нејзините години психотерапија и беа потребни за да ја прифати нејзината убавина.

Кога станува збор за нејзиниот љубовен живот, се издвојуваат осум најважни врски, а нејзината најголема љубов била актерот Даниел Деј Луис, кој подоцна уживал да биде со Џулија Робертс додека таа се пораѓала.


Фото: Инстаграм

Се појави и го запре цел Париз: Прогласена е за најубава жена во историјата на филмот, имаше 8 големи љубови, една ја докрајчи