Се појави и го запре цел Париз: Прогласена е за најубава жена во историјата на филмот, имаше 8 големи љубови, една ја докрајчи

Ревијата на Диор на модната недела во Париз собра многу познати дами, но една од најзабележителните гостинки беше Изабел Аџани (66), легенда на францускиот филм и една од најубавите жени на своето време.

Изабел на ревијата пристигна во долг црн капут во А линија и го надополни со ефектни, шик детали, како што можат само Французинките.

Аутфитот го заокружи со елегантен свилен шал кој го замоткала околу главата, во ретро стил, големи очила за сонце, црни, кадифени ракавици и скапа кожна чанта, а изборот на чевли беше невообичаен - моторџиските чизми му дадоа посебна нота на цел стајлинг.

Аџани имаше и одлична фризура - прекрасно обликувани, раскошни локни палаво ѕиркаа под шалот, а ја забележавме и нејзината шминка - светло црвен кармин и сини нијанси на очите.


*Вртете на стрелката десно за повеќе фотографии


Инаку, пред неколку години угледниот магазин „ЛА Тајмс“ објави листа на најубави жени во филмската продукција, а првото место го зазеде Изабел Аџани, една од најголемите во првенствено европската, а потоа и светската кинематографија. .

Изабел, далеку од современите стандарди за убавина, но единствена, ретка и божествена, овој наслов му го должи на филмот „Кралица Марго“, иако во други дела остави белег на својот необичен и опоен изглед.

*Вртете на стрелката десно за повеќе фотографии



Освен што светот ја прослави како жена со извонредна убавина, таа може да се пофали и со неверојатен талент - пет пати во кариерата се закити со француската награда Цезар, а во 1981 година ја доби двојната награда за најдобра актерка во Кан.

Французинката со егзотичен изглед отсекогаш била придружена со превез на мистерија - никогаш не давала интервјуа по волја, а приватниот живот го чувала само за себе, иако тешко го криела. Сепак, таа во ниту еден момент во својата повеќедецениска кариера не кажа ништо за тоа, освен еднаш, кога направи скандал од планетарни размери, но за тоа ќе зборуваме подоцна.

Изабела е родена во брак меѓу Алжирец и Германка, а самата истакна дека љубовта на нејзините родители е „невозможна“, но вистинската, магична, како што се случува еднаш во 1000 години. Нејзината мајка поради татко и го оставила тогашниот сопруг и двете мали деца и не се покајала до последниот ден од животот. Меѓутоа, во подоцнежните години, Изабела поради таа одлука не можела да ја разбере мајка си, честопати осудувајќи ја и критикувајќи ја, што ја отежнувало и нивната мрачна врска.

Детството го поминала во предградијата на Париз, каде што нејзините родители емигрирале, во сиромашен кварт каде бандите живееле на улица, а нејзините рани години биле обоени од беда. Тие беа семејство на имигранти и немаа ништо друго освен љубов. Нејзиниот татко бил строг и конзервативен и ја терал Изабела напорно да учи и постојано да чита, учејќи ја да не се ни гледа во огледало, за да не развие суета. Актерката подоцна истакна дека и биле потребни 15 години редовна терапија со психолог за да ја прифати и разбере нејзината убавина. Кога имала само 14 години работите се смениле - ја забележал познат филмски агент на париските улици и ја добила првата улога... Се друго е историја.

Она што оваа дива ја направи уште поинтригантна и поинтересна за јавноста е нејзиниот љубовен живот - бурен, неверојатен, обоен со измами, ненадејни завршетоци и моќта на емоциите. Изабела имаше само еден официјален брак, но вкупно осум сериозни и големи љубови, иако само една вистинска, а којзнае колку платонски и минливи.

Нејзиниот живот го одбележа шестгодишната врска со трикратниот оскаровец Даниел Деј Луис, со кој има син и кој ја остави бремена, без ниту еден збор за прошка. Никогаш не ѝ кажал дека нивната врска е завршена. Во моментот кога таа се пораѓаше, тој уживаше во афера со Џулија Робертс.

„Тој е љубовта на мојот живот.Заврши затоа што беше невозможно,неразбирливо силна.Нашата љубов беше како неизлечива болест.Еден поглед во него и знаеш дека тој е човек подготвен да предизвика болка во тебе.Не можеше да ги одвои улогите што ги играше од реалниот живот. Често се однесуваше како да не е дел од оваа планета, препуштајќи се на херојот што го играше. Имавме страст во нејзината најчиста форма и нешто такво е секогаш осудено. Бевме љубов за каква што се пишува во класичните романи. Не уништи тоа што му дозволив да биде центар на мојот живот“, изјави божествената Французинка многу години по раскинувањето.

„Направив сериозна грешка во животот - жените не треба да бидат доктори во своите врски. Ги спасив моите луѓе, а тие подоцна ја изградија својата среќа со другите. Ме гледаа како психолог. Мажите не сакаат жени кои ги гледаат како слаби, во нивните најлоши денови. Тие не можат да ја поднесат женската сила. Ја мразеа мојата љубов, коа ги правеше слаби и ранливи“, објаснила Изабела во една прилика.


извор: zena.blic.rs

Фото: Инстаграм/Официјален профил Изабел Аџани