Таткото гол, синот како мече: Прва фотографија на Милош Биковиќ со Василије

Српскиот актер Милош Биковиќ, во јануари доби син.

Сега актерот ја објави првата фотографија со синот Василијe и напиш: „Некои важни работи“.

Вереницата на актерот, Ивана Малиќ, пред еден месец ја објави првата фотографија од нивниот син.

Убавата Ивана на 9 јануари годинава роди момче, а не се дели од наследникот. Малиќ го облече синот во облека од жирафа, а со следбениците на Инстаграм сподели прекрасен момент од дома. Додека тој си лежи, таа ги држи неговите стапала во едната рака.

Фото: Инстаграм