„ТАТО ЈА ГУШНАЛ МАМА, ГО СКРШИЛ СТАКЛОТО НА АВТОБУСОТ И ПОЧНАЛ ДА ИЗВЛЕКУВА ПАТНИЦИ“: Сведоштво за страотната несреќа во Грција

Добивај вести на Viber

Четири лица загинаа вчераутро во страшна сообраќајна несреќа што се случи на 521-от километар од магистралниот пат Атина-Солун, во близина на областа Поликастро на излезот Евзони, а во која учествуваа автобус од Ниш и автомобил. Како што објаснува за Телеграф.рс ќерка на брачна двојка која била во автобусот со српски туристи, несреќата била страшна.

М.М. раскажува дека нејзиниот татко спиел во моментот на несреќата, но нејзината мајка била будна и слушнала силен удар.

„Тато спиеше, мама не, кога слушнала силен тресок и видела што се случува, го разбудила тато, тато ја прегрнал до него и автобусот се превртел. Тогаш настанал хаос. Татко ми го скршил прозорското стакло, и почнале да ги извлекуваат патниците, моите родители се добро, барем така велат, во болница се, мајка ми ја  боли грбот, а татко ми има гребаници на лицето“, изјавил соговорник за наведниот медиум.


Подетално читајте на Фактор тука.