„Тажен ден, катастрофална загуба за македонското здравство“: Д-р Лазаров вели дека изгубивме двајца врвни лекари

Добивај вести на Viber

Познат идентитетот на трите лица од Прилеп кои денеска загинаа во стравичната сообраќајна несреќа која се случи на патот Прилеп - Битола. 

Во сообраќајката едно лице е повредено и е хоспитализирано. Несреќата се случи утрово околу 7:50 часот. Дошло до судир на патничко возило и камион на магистралниот пат Прилеп-Битола, на излезот од градот, кај селото Лагово.

Тројцата загинати се од патничкото возило „тојота“ со прилепски регистерски таблички, а повредениот е од камионот. Во судирот патничкото возило се запалило, соопштија од СВР Битола.

- Сообраќајната  несреќа се случила помеѓу патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Н.В.(42) од Прилеп и сопатници А.Р и Ф.Ј., сите од Прилеп и товарно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Р.(51) од Битола. Во несреќата патничкото возило се запалило и на местото починале тројцата патници. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош Прилеп - информираат од СВР Битола.

Магистралниот пат се уште е затворен за сообраќај, а увид на местото на несреќата прават полицијата и јавен обвинител.

- Како медицинска екипа констатиравме смрт на три лица, сите од патничкото возило „тојота“. Повредениот од камионот итно е пренесен во Општатата болница во Прилеп со телесни повреди - изјави Боше Милошески, началник на Итната медицинска помош од Прилеп, кој беше на увид на местото на сообраќајката.

Повеќе за информацијата на Фактор.