Приказната зад сиховите кои сите ги знаеме: „Бацила је све низ ријеку“ беше најтажна песна во Југославија

Песната „Бацила је све низ ријеку“ на популарната група Индекси е приказна за големата љубов на Даворин Поповиќ и анонимна девојка од Сараево.

Индекси беше една од најпопуларните музички групи во поранешна Југославија, а нивните песни се пеат и денес. Групата е основана во 1965 година, а престана да постои во 2001 година, кога почина фронтменот Даворин Поповиќ.

Нивните балади се слушаат и денес, а една од нив, песната „Бацила је све низ рујеку“ е запишана во аналите на југословенската музика.


Даворин Поповиќ бил во голема љубов со непозната девојка од Сараево. Девојката останала бремена, па решиле да се венчаат. Сепак, како што тогаш пишувале хрватските медиуми, девојката не била подготвена за брак, па абортирала пред венчавката и засекогаш го напуштила Даворин.

Автор на текстот на популарната песна е Кемал Монтено, а еве што кажа тој во една прилика за целата ситуација:

„Јас секогаш ја кажувам вистината, сите приказни во моите песни се вистинити. На кои песни и да се сетите, сите се вистински приказни. На пример, песната „Бацила је све низ ријеку“ е вистинска приказна. Не е баш мојата приказна, две приказни се поврзани во таа песна - едната е на мојот Даворин Поповиќ, другата е моја од младоста, момчешки денови. Давор (Пимпек) имаше девојка, тие беа пред стапување во брак. Тоа беше голема љубов. Таа доби шанса да замине во Америка. Но, веќе беше бремена и реши да абортира. И затоа е тој дел „носила је нашу љубав, нашу сречу, први цвијет, бацила је све низ ријеку и пошла у други свет“.