„Те сакам, биди среќна, здрава и...“: Катарина Ивановска денес има повод за славење

Добивај вести на Viber

Една од најпознатите и најуспешни манекенки кај нас, Катарина Ивновска денес полни 36 години. Од 2004 години до денес Катарина е една од најбараните наши модели. Се има појавено на бројни ревии и светски познати модни списанија меѓу кои списанието „Elle“, „Citizen K“, „Stiletto“ и италијанското и руското издание на Vogue. Како и на насловните страни на списанијата „Diva“ и „Máxima“ и во реклами за D&G и Викторија Сикрет.

Мајчинството ја промени доста, па поради обврските за Вања и Кира работата ја стави во втор план, иако и денес можеме да ја видиме на многу реклами, како за странски така и за домашни брендови.

Многу пријатели и соработници и го честитаа роденденот, а меѓу нив беа и Тамара Тодевска, Арменд Рамадани, Зоки бејбе и многу други.


Среќен роденден!


Фото:Инстаграм