Ќеркичката на Дарко Илиевски која има три месеци ужива во колевка од тантела, а тоа може да се забележи и по нејзината насмевка. Облечена во цветен комбинезон и голема панделка како украс на главчето, Ана Ирена изгледа како вистинска мала кукличка.
Пејачот го овековечи овој момент и го објави на својот Инстаграм профил, а на фотографијата напиша:
- Те сакам!
Инаку пејачот веќе долги години живее и работи во Америка заедно со својата сопруга и синчето.
Фото:Инстаграм