Актуелно // Insta вести
„Те сакам до месечината и назад“:Македонската водителка со емотивна порака му честита роденден на свршеникот
На почетокот на оваа година тој ѝ подготви романтично запросување на зајдисонце во Занзибар, а таа му кажа „да“.
Македонската водителка Ведрана Ѓоргевиќ со фотографии од заеднички патувања му честиташе роденден на свршеникот Андрија Антиќ, или познат како диџеј Ендрју Мелер од соседна Србија.
„Среќен роденден, бејби. Те сакам до месечината и назад, и ти посакувам повеќе насмевки и радости во оваа, знам дека ќе биде посебна. Ти посакувам секое лето да ти биде лето на љубовта“, напиша Ведрана.
Во февруари на патување во Занзибар, Андрија ја побара Ведрана да му биде сопруга.
- Кога ќе си ја најдеш сродната душа... беше само прашање на време - напиша тогаш Андрија на нивната заедничка фотографија.
Фото: ИнстаграмРЖМ