Телевизор создаден за игри, серии и филмови
Hisense 100E7NQ PRO, QLED телевизор кој комбинира напредна технологија со едноставно и ефективно корисничко искуство. Благодарение на низата подобрени функции, ја освои EISA наградата за 2024 година, потврдувајќи го својот статус меѓу најдобрите уреди во категоријата. Hisense е број еден во светот во категоријата 100-инчни телевизори, а овој модел е доказ за тоа.
Основата на телевизорот е QLED технологијата, која Hisense ја користи за да постигне точност на бојата, длабок контраст и острина на сликата. Quantum Dot технологијата дополнително го подобрува екранот овозможувајќи репродукција на повеќе од милијарда нијанси. Оваа комбинација носи реални визуелни ефекти, без разлика дали го гледате омилениот филм, стримувате игра или играте игра која бара одлична графика.
За динамични сцени, клучна е стапката на освежување од 120 Hz, што обезбедува непречено движење без заматување. Ова е особено важно на спортски настани и игри, каде секој детал може да биде клучен. Во Sport и Game Mode Pro режимот, стапката на освежување се зголемува и до 144 Hz, што може да биде од клучно значење за меч поен или гол.
Поддршката за HDR10+ и Dolby Vision го подобрува екранот и го прави богат со детали. HDR овозможува подобра рамнотежа помеѓу светлите и темните делови на сликата, што е особено забележливо во сцените со силен контраст - од темни пештери до силна дневна светлина.
Game Mode PRO: Рај загејмери
За љубителите на видео игрите, Hisense 100E7NG PRO го носи Game Mode PRO, режим кој го намалува доцнењето на влезот и ја зголемува респонзивноста. Оваа опција овозможува побрзи и попрецизни реакции во игрите, што е клучна предност во натпреварувачките игри. Додадете на тоа поддршка за ALLM (Auto Low Latency Mode) и ќе имате телевизор оптимизиран за гејминг на конзоли од последната генерација. На овој телевизор лесно ќе поврзете конзоли или гејмерски компјутери, било со класичен кабел или безжично, иако оваа опција е поверојатна за мобилни телефони или таблети.
Овој модел има и VIDAA оперативен систем. VIDAA обезбедува пристап до најпопуларните апликации - Max, Netflix, YouTube, Prime Video, Apple TV - и многу други. Интерфејсот е лесен за навигација, а можноста за персонализирање на менито ви овозможува да го прилагодите според вашите сопствени потреби. Понудени се голем број ТВ канали во живо, игри и Office апликации, така што можете да го користите телевизорот дури и за прелистување или брзо уредување документи од вашиот телефон или компјутер. VIDAA има веб-прелистувач кој ќе ви овозможи да се вклучите на Интернет кога ви треба, а компјутерот не ви е во близина. Со USB-портите, можете да додавате нова содржина - видео, музика, слики за да можете да го прегледате секој детал од вашите омилени спомени на голема дијагонала од дури 100 инчи.
Кино звук со Dolby Atmos технологија
Квалитетната слика е, се разбира, императив, но и звукот мора да ги следи истите високи стандарди. Ова се постигнува благодарение на Dolby Atmos технологијата. Овој систем обезбедува тродимензионално звучно искуство, правејќи звуците природно да се шират низ просторијата и давајќи чувство на целосно „потопување“ во сцената. Ова најдобро ќе го чувствувате во игрите и додека гледате филмови или серии.
Долгорочна инвестиција со продолжена гаранција
Hisense нуди продолжена петгодишна гаранција за овој модел, што дополнително говори за довербата на компанијата во квалитетот и долговечноста. Дополнително, телевизорот моментално е во продажба во продажните салони на Сетек и во Нептун, што го прави уште поатрактивна опција за оние кои сакаат висококвалитетен телевизор по поприфатлива цена.
Hisense 100E7NQ PRO не е само телевизор - тој е портал за уживање во мултимедијални содржини, играње на повисоко ниво и „потопување“ во аудио-визуелното искуство. EISA наградата и напредните технологии што ги интегрира овој уред го ставаат на самиот врв на пазарот. Ако барате уред кој ќе го подобри вашиот дом и ќе стане центар на забава, Hisense 100E7NQPRO е избор кој во кој нема да погрешите.
За повеќе информации за овој модел, посетете ја официјалната страница на Hisense Македонија.
# # #
За Hisense
Hisense е еден од водечките светски брендови на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство. Портфолиото на компанијата комбинира мултимедијални уреди со фокус на паметни телевизори, апарати за домаќинствои интелигентни ИТ решенија. Hisense работи во повеќе од 160 земји во светот и постигнува исклучително динамичен раст во индустријата.
ПР објава