Телевизорот го убива сексот, дознајте како?

Партнерите што седат пред  телевизор имаат 6% помалку секс од оние кои своето слободно време го користат за комуникација. Наодот е од научници од Универзитетот во Делавер, цитиран од Дејли Меил.

Тим специјалисти го истражи интимниот живот на скоро 4 милиони луѓе од 80 земји. Се покажа дека во 2010 година нормален човек имал секс трипати неделно, додека во 1990 година се случувал по 5 пати.

Врз основа на овие истражувања во студиите, експертите заклучуваат дека е виновна широко распространетата употреба на електронските уреди во секојдневниот живот, особено на телевизорите и паметните телефони.

Акушер-гинеколог Шери Рос е убеден дека недостатокот на интимен живот има лош ефект врз целокупната состојба на една личност. Ако наместо да има секс, лежи пред ТВ, грицкајќи  чипсови или што било друго штетно, е лошо по здравјето, а дефинитно и лошо влијае врз сексот.

Исто така, се нарушува и имунолошката одбрана и го намалува лачењето на хормонот за среќа ендорфин, кој се смета за најмоќен и природен лек за организмот.