Тенеси ме потсeтува на Скопје кога бев дете: Илина Арсова носталгична по ведрото небо во главниот град
Планинарката и уметница Илина Арсова веќе извесен период живее и работи во Америка.
Арсова објави фотографии од снежниот Тенеси, сојузната држава од САД која се наоѓа на југоистчниот дел на земјата.
Снегот во Тенеси, носталгично ја потсети на Скопје, кога била дете и уживала во снежната покривка, па напиша:
„Зима на карпест врв. Јеее! Овој предел покриен со снег не е типичен за ТН. Колку и да е убаво, ме потсетува на зимите во Скопје кога бев дете. Град покриен со снег, весели игри со лизгање по парковите и малите локални игралишта кои веќе не постојат, а ведрото небо кое во текот на денот честопати беше дел од скопскиот пејсаж дури и во зима. За жал, денес Скопје веќе нема ведро небо... Да направиме нешто околу тоа пред да биде предоцна?“, напиша Илина.
Фото: Инстаграм