Теоријата „црвени нокти“ навистина „пали“: Жените успешно заведуваат со неа, а еве зошто ги привлекува момците

Добивај вести на Viber

Теоријата за „црвени нокти“ се заснова на идејата дека ако жената има црвени нокти, таа ќе биде попривлечна за нејзиниот партнер.

Инфлуенсерката Навја Паси ги шокираше корисниците на социјалните мрежи кога откри дека мажите ги привлекуваат црвени нокти затоа што нивните мајки и баби ги носеле кога биле помлади, пишува Дејли Стар.

Теоријата за „кора од портокал“ ги зафати социјалните мрежи, а жените масовно ја користеа за да ги тестираат своите мажи. Тие побараа од нив да направат едноставни задачи за да видат дали навистина се грижат за нив. Но, сега постои нова и прилично чудна теорија која го обиколува интернетот.

Зошто мажите ги привлекуваат црвени нокти?

Теоријата за „црвени нокти“ се заснова на идејата дека ако жената има црвени нокти, таа ќе му биде попривлечна на партнерот затоа што постои бизарна причина зошто на мажите оваа нијанса на лак наводно им е привлечна.

Навја на својот TikTok профил објасни како функционира овој едноставен трик бидејќи мажите ги поврзуваат ноктите со ноктите на нивните мајки и баби затоа што ги лакирале во црвено.

„Мажите во основа ги привлекуваат црвените нокти, а причината за тоа е што ги виделе своите мајки, нивните учителки и сите жени во нивниот живот со црвени нокти или црвен кармин, за кој отсекогаш мислев дека е бојата на баба, но очигледно не е“, истакна таа.

@navyapassi Replying to @Unknown_123 red nail theory explained  @GirlBossTown #rednailtheory #rednails original sound - Navya Passi


Се чини дека чудната теорија навистина пали

„Секогаш кога ќе видат црвени нокти, или ќе дадат комплименти или само ќе забележат, бидејќи тоа е она што ги привлекува. Што звучи навистина чудно кога ќе размислите за тоа“, додала таа.

Сепак, се чини дека „чудната“ теорија се исплати бидејќи таа тврди дека добила комплименти од мажи откако им мавтала со црвените нокти пред нивниот нос. Тоа го зголемило нејзиното его. „Мислам дека изгледаат жешко и се чувствувам супер моќно кога ги имам на себе. Се префрлам на црвени нокти“, рекла Навја.

Нејзините следбеници во коментарите и порачаа дека ќе го пробаат и методот „црвени нокти“, а некои веќе го испробаа. „Тоа е толку точно! Еден дечко со кој бев на состанок ми кажа дека мисли дека црвените нокти се привлечни. Од мажите добивам комплименти само кога се црвени“, напишала еден од нив.

„Дефинитивно има нешто во црвените нокти што даваат моќно чувство! Моето момче секогаш ми дава комплименти кога носам црвен лак!“, додаде друга корисничка.

Но, имаше и следбенички на кои воопшто не им се допадна теоријата за „црвените нокти“. „Тогаш никогаш нема да си ги фарбам ноктите во црвено“, истакна една девојка. Други, пак, се пошегуваа дека Зигмунд Фројд, кој теоретизирал дека луѓето ги привлекуваат луѓе како што се нивните родители, ја потврдил таа теорија и изјавил дека „мора да престане“.


ФОТО: Принтскрин ТикТок