Тереза Кесовија за влакно ја избегна смртта: Погрешната одлука можеше да ја чини живот

Добивај вести на Viber

Хрватската пејачка Тереза ​​Кесовија на крајот на август била примена во болница во Загреб, откако ненадејно и се слошило. Тогаш Тереза ​​кратко проговори за медиумите и изјави дека не сака да зборува за нејзината состојба, но сега откри дека доживеала срцев удар.

-Тоа беше срцев удар. Да дојдев само половина час подоцна, немаше повеќе да бидам тука. Отидов и на коронарографија, ме болe[e страшно, неописливо. Но сега сум добро, продолжуваме понатаму“, изјави таа за „Јутарњи.хр“.

Нејзината здравствена состојба ја загрижи нејзината бројна публика, но и пријателите и соработниците. Имено на 22 август имала силни вртоглавици, па брзата помош дошла два пати бидејќи не сакала да оди во болница.

-Им кажав дека нема да одам со нив. Не сакам болници, се надевав дека овој пат ќе го избегнам. Но, надежта ми беше залудна бидејќи после тоа повторно ми стемни пред очите, почнав да се онесвестувам, ме избувна ладна пот… Накратко, не се чувствував добро, па моите најблиски повторно се јавија во итната помош, рече тогаш таа и додаде:

- Јас, како и повеќето луѓе, тешко ја поднесувам оваа екстремна жештина, но уште потешко е сето она што се случува околу нас, сите овие убиства, силувања, сите овие природни катастрофи. ... Јас неодамна бев во Словенија во долината Логар во близина на прекрасен мал водопад кој стана огромен поради силните бури и чиј порој ги однесе сиромашните луѓе во смрт... Не можам а да не кажам колку ми е жал за сето тоа, имам впечаток, ми седи на срце, ја чувствувам тежината на сета таа негативност и сите тие ужаси околу нас, изјави Кесовија.

Фото:youtube/screenshot