Термофор со топла вода ѝ пукнал во скут и ѝ оставил лузни: Не обрнала внимание на една работа
Жена од Манчестер издаде итно предупредување до корисниците на термофор, откако остана со мачни изгореници на нозете и карлицата, откако употребила кога гумениот термофор и експлодирал во скутот. Јасмин Харди (27) не била свесна дека термофорите со топла вода имаат рок на траење, па користела производ кој бил „застарен“ две години. Експертите велат дека треба термофорот треба да се замени по две години, бидејќи гумата се деградира со текот на времето, што ја прави поголема веројатност да се оштети.
Бројот, обично вграден во форма на гумен цвет, го означува датумот на производство на термофорот - на пример 20 за 2020 година.
Г-ѓа Харди открила по несреќата дека датумот на нејзиниот термофор истекол во 2022 година. Сега, лекарите велат дека таа може да има лузни доживотно. Во јули, откако го наполнила термофорот до врвот со врела вода, го сменила капакот и отишла на каучот да легне. Неколку минути подоцна, производот експлодирал, истурајќи врела течност врз нејзините нозе, долниот дел на стомакот и рацете. Таа веднаш скокнала под ладен туш 30 минути за да ја ублажи болката. Но, кога ногата продолжила да ѝ гори, отишла во болницата Вајтеншоу, во Манчестер. Таму лекарите ја извадиле мртвата кожа и и ги преврзале раните.
Потоа се враќала во болница секој ден во следните две недели за повторно да и ги преврзат нозете.
- Кога излегов од туш, кожата почна да ми гори и така беше цела недела. Поминаа два месеци и добро заздравував, но лузните може да останат цел живот. Внимавајте на рокот на употреба, измешајте топла и ладна вода, никогаш не полнете до горе поради притисокот – советува Јамин, а пренесува „Дејлимејл“.
Фото: ИнстаграмИзвор: Оna.telegraf.rs