Тета Елена и Делфина со исти фризури: Пејачката се пофали со своите убави сестри

Позната пејачка Елена Ристеска која е и сопственичка на компанија за козметика не ретко споделува фотографии од нејзиното секојдневние на социјалната мрежа Инстаграм.

Така овој пат таа сподели дека е во друштво на своите сестри и внуката Делфина. 

Имено повод за оваа фотографија беше роденденот на Ивана, која судејќи по напишаното Елена ја смета за своја сестра.

Инаку може да се забележи дека нејзината внука Делфина има иста фризура со шишки како тетката Елена.