Тие тројца - доволно за среќа! Сопругата на Миодраг Радоњиќ му приреди прекрасна роденденска забава (ФОТО)
Иако немаше голема гламурозна прослава, сопругата на актерот Миодраг Радоњиќ се погрижи неговиот 34-ти роденден да биде незаборавен
Популарниот актер Миодраг Радоњиќ вчера го прослави својот 34-ти роденден.
Актерот кој пошироката публика го обожава поради улогата на Баца во „Јужен ветер“ не планирал голема прослава, но одбележувањето на роденденот не изостана.
Имено, неговата сопруга Милица Микиќ на Инстаграм сподели топла сцена од нивниот дом, па видовме дека нивниот син Сава и таа го пречекаа Миодраг со шарени балони и прекрасно расположение.
- Да ни живееш - рече таа и додаде емотикон срце.
Да потсетиме, Миодраг Радоњиќ со години ужива во љубовта со убавата Милица, која редовно му прави друштво на црвениот тепих. Како што неодамна истакна актерот, поради природата на работата не може да помине онолку време со своите најблиски колку што би сакал, но неговата избраничка е со разбирање.
- Помагам колку што можам и имам голема поддршка од семејството. Мојата сопруга ја разбира мојата работа и одредени фази кои ги повлекува работата. Кога не работам, поминувам време дома со нив. Кога имам многу работа, таа ми олеснува сè - изјави еднаш Миодраг.
Извор: glossy.espreso.co.rs