Тијана Дапчевиќ целосно го промени изгледот: Долга коса, невообичаено стилски облечена, ја истакна совршената фигура во петата деценија (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Тијана Дапчевиќ изненадува и заведува со нов изглед кој е вистинско освежување.

Речиси откако знаеме и паметиме за Тијана таа е препознатлива по нејзината пикси фризура, која ја носи во платинесто руса боја. Препознатлива е и по стилот на облекување кој е уникатен и специфичен и најчесто се состои од црни парчиња облека, мартинки, патики, одела и фармерки, но Тијана одлучила д направи значајна промена, па макар и да е минлива и за потребите на емисија.

Имено, за гостувањето во една емисија во Србија, Тијана потполно го промени имиџот и ја покажа совршената фигура во нејзината пета деценија.

На големо изненадување таа облече комплет кој ги истакна нејзините тонирани стомачни и тенка половина, што ретко се случува, а можеби и никогаш.

Уште повпечатлива е нејзината промена на фризурата - пејачката се одлучила за долга надоградба во вид на коњско опавче со розови „омбре“ краеви.

 Нејзината промена ја пофалија многу од нејзините колеги од Србија и Македонија, меѓу кои Каролина Гочева, Ивана Петерс, Нина Бадриќ, како и Миа Костова, Илина Арсова и многу други кои коментираа под нејзината фотографија.

Може да ве интересира:

Рацете ми беа како колкови: Тијана Дапчевиќ откри како ослабнала 45 килограми - еве што јаде секој ден

Тијана Дапчевиќ: Од неможност да му помогнам на семејството си ја избричив главата