Животна училница // Приказни
Тијана Дапчевиќ: Од неможност да му помогнам на семејството си ја избричив главата
Тијана Дапчевиќ се присети на бомбардирањето во Србија од '99-та година.
Поминаа повеќе од две децении кога на 24 март, 1999 година започна воената акција на НАТО која траеше 78 дена, сѐ до јуни.
Генерациите кои се сеќаваат на ова сѐ уште раскажуваат и го прераскажуваат тој тежок период на страв и немоќ да сторат нешто за нив и нивните најблиски.
Пејачката Тијана, вчера, после точно 22 години од бомбардирањето сподели дека токму на тој ден од револт и тага си ја избричила главата.
„На денешен ден, во 1999 година, започна бомбардирањето, а јас, од револт, од тага и неможност да му помогнам на моето семејство во Србија, си ја избричив главата... Само гледаш на телевизија како некој фрла бомби на се твое... и ништо не можеш да сториш.
Никогаш да не се повтори!“, напиша Дапчевиќ и сподели фотографија.
Може да ве интересира: