Тијана Дапчевиќ мета на хејтерите поради искривените заби: Тие се мојот заштитен знак!

Добивај вести на Viber

Пејачката не ја допираат критиките, а нема намера да ги коригира

Бројни јавни личности се критикувани од хејтери кои го оценуваат нивниот изглед. Некои не му придаваат значење, додека други често прават бројни корекции токму поради негативните коментари во желбата да изгледаат што подобро.

Колку и да се труди некој да ги задоволи критериумите на публиката, понекогаш тоа навистина не е изводливо, бидејќи постојано трпат „терор за убавина“.

Пејачката Тијана Дапчевиќ на Инстаграм се пожали дека често добива критики за долната вилица и неправилно поставените заби, но како што вели тоа не го зема здраво за готово и нема намера да поработи на тоа.


- Забележав дека имаш неопислива потреба да ми пишеш: „Тијана, среди ги долните заби“. Сега, тие мои долни заби се мој заштитен знак. Значи, тие моите назабени, неправилни долни заби се заштитен знак. Проблемот е што често добивам забен камен, а кога ми се појавува, изгледа како да немам заби, страшно е - рече Дапчевиќ, нагласувајќи дека нема намера да ги исправи забите или да носи протези.

- Ја сакам мојата неправилност и дозволете ми да бидам неправилна. Не може секој да има бели А1 заби, керамика Младеновац, извини. Ги сакам моите неправилни заби, само се криви , ништо друго – кажа пејачката во видео на Инстаграм.

Инаку, Тијана Дапчевиќ повторно ќе си ја проба среќата на фестивалот „Песна за Евровизија 2023“ и по втор пат ќе се обиде да се пласира на престижното европско натпреварување, но овој пат како претставничка на Србија.